„Проектилот“ на Атанасијевиќ, гол на колото во ЛШ (видео)

Павле Атанасијевиќ постигна прекрасен погодок на гостувањето против Висла, а ЕХФ го избра токму проектилот на македонскиот репрезентативец за најубав гол во четвртото коло од Лигата на Шампионите.

Атанасијевиќ стрелаше од место, мајсторски сместувајќи ја топката под гредата, но тоа беше една од ретките причини за радост на „пелистерци“ кои убедливо го загубија натпреварот со Висла.

Погледнете ги најубавите пет гола во ЛШ изминатото коло, на чело со ремек-делото на Павле Атанасијевиќ…

Се вчитува...