Проектот Асвел непочнат пропадна? По Франциско, си одат уште двајца топ-кошаркари

Асвел најавуваше мегапроект за новата сезона со буџет сличен на оние на најбогатите клубови во Евролигата, затоа и беа доведени неколку врвни засилувања, но набрзо стана очигледно дека тоа е осудено на пропаст, откако Силван Франциско само еден месец по потписот за Асвел го напушти францускиот тим и синоќа се пресели во Панатинаикос.

Причината е   – повлекувањето на главниот спонзор од Азија кој требаше да покрие повеќе од половина од буџетот на Асвел. Тони Паркер во изминатите дваесетина дена интензивно бараше инвеститори што би ја пополниле оваа дупка во буџетот, но француската легенда се мачи на бизнис-полето, па заминувањето на Франциско е само почеток на бурното лето.

Уште најмалку двајца кошаркари кои потпишаа договори летово сега се решени да си заминат од Асвел, разочарани од лажните ветувања на управата. Германецот Тајс, кој се уште има и неисплатени плати од Монако, не сака истото да му се повтори и во новиот клуб. Центарот има на маса богата понуда од Хапоел Тел Авив, па големи се шансите дека Тајс следната сезона ќе настапува за израелскиот клуб.

Тимот ќе го напушти и Армони Брукс, поентерот кој беше пред потпис за Партизан, но во „пет до дванаесет“ се премисли и на крајот заврши во Асвел. Тој нема намера да остане во Франција, особено откако Реал Мадрид покажа сериозен интерес и подготвеност за да го доведе Брукс во „кралскиот клуб“.

Се вчитува...