Проектот „Фудбал во училиштата“ максимално ги исполни очекувањата

На терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се одиграа завршните натпревари и беа прогласени победниците во првата сезона од проектот за училишен фудбал – „Фудбал сега, фудбал насекаде“. Присуство на 350 дечиња од 2-ро до 5-то одделение, нивните наставници, многу натпревари и уште повеќе постигнати голови, а пред се многу дружење и забава помеѓу учесниците.

По одигрувањето на завршните натпревари ги добивме и најуспешните во двете категории вклучени во првата фаза на проектот.

Категорија 2-ро / 3-то одделение:

Категорија 4-то / 5-то одделение:

Проектот максимално ги исполни очекувањата со вклучени повеќе од пет илјади дечиња учесници од кои најголем дел за прв пат  имаа можност да се запознаат со убавините на фудбалската игра.

Се вчитува...