Прогласен победничкиот тим на „OBSG Buzz“ хакатонот на Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал го прогласи победничкиот тим на „OBSG Buzz“ хакатонот кој претстави решение за мобилно банкарство од иднината. Победничкиот тим „My bank, my friend“ претстави апликација за мобилно банкарство која вклучува лесна најава, можност за уредување на функционалностите според сопствените потреби, можност за паметно штедење и многу други карактеристики. Оваа идеја доби награден фонд од 1.500 евра од Охридска банка Сосиете Женерал. Тимот „My bank, my friend“ е составен од Дарко Георгиевски, Христијан Бабука, Борко Наумовски и Стефан Деспотовски.

Хакатонот „OBSG Buzz“ се реализира на Инофеит – иновативната лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии во соработка со компанијата за стратегиски дизајн, Солвео. На хакатонот беа пријавени 45 учесници поделени во 9 тимови. Тимовите под менторство на вработени во Охридска банка Сосиете Женерал и Асеко, компанија за информациски технологии, развиваа креативни идејни решенија за тоа како треба да изгледа мобилната банка од иднината. Настанот траеше 54 часа почнувајќи на 30 ноември и со финале на 2 декември, 2018г. На финалната вечер, деветте тимови ги презентираа своите идеи за тоа како треба да изгледа мобилното банкарство од иднината пред жири комисијата составена од Бојан Михајловиќ – Асеко, Оливер Гаврески – Раководител на дирекција за мултиканална поддршка на комерцијалното работење во Охридска банка Сосиете Женерал и Нина Неданоска – Член на Управен одбор во Охридска банка Сосиете Женерал.

Хакатонот е продолжување на низата активности преку кои Охридска банка Сосиете Женерал ги промовира своите групациски вредности иновативност, тимски дух, одговорност и посветеност. Како општествено одговорна компанија, Банката ја продолжува својата општествена мисија да ја поддржува заедницата во своите иницијативи и да биде посветен поддржувач на младите потенцијали во Македонија.

Комерцијален текст

Се вчитува...