Прогнозата на Марио Ѓурчиновски: Македонија ја добива Италија на пенали (ФОТО)

На неколку дена пред историскиот натпревар на Македонија против Италија во баражот, фудбалската федерација остана без еден од своите најдобри работници. Почина Марио Ѓурчиновски, а ФФМ загуби вреден и чесен работник.

Федерацијата потсети на прогнозата на Ѓурчиновски дека Македонија на пенали ќе ја исфрли Италија. Според неговата прогноза дадена на 27. декември 2021 година, Италија и Македонија ќе одиграат 1:1, а на пенали Македонија ќе го добие мечот со 3:4.

Цела Македонија нема ништо против да се оствари оваа прогноза на Ѓурчиновски.

Се вчитува...