Македонската судијка, интернационалката Ива Пројковска доби ново признание од Судиската комисија на УЕФА за својата успешна досегашна арбитража на меѓународната сцена.
Таа е одредена да биде главен судија на првиот меч од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Германија и Франција кој ќе се одигра на 24 октомври во Дизелдорф. Ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиоски, втор помошник е Сташа Спур, четврти судија Александра Чешен, и двете од Словенија. Судиите во ВАР собата се од Унгарија. Второто полуфинале е мечот меѓу Шпанија и Шведска.
Инаку пред две недели Пројковска го судеше натпреварот во Лигата на шампиони меѓу белгискиот првак Лоувен и Твенте од Холандија. Пројковска е дел од елитната група на 20 најдобри европски судијки.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

