Проклетството на Голден Стејт: Се повреди и Дрејмонд Грин

Фановите на Голден Стејт не можат да поверуваат какви малери го следат поранешниот НБА-првак откако на листата на повредени играчи од синоќа се приклучи и последниот ас на шампионската екипа, Дрејмонд Грин.

Клеј Томпсон се лечи по тешката повреда на крајот од ланската сезона, Стеф Кари ја скрши раката и ќе паузира најмалку три месеци, а на последниот дуел со Сан Антонио од теренот мораше да излезе и Грин.

„Го повредив прстот, мислам дека е проблем со лигаментите. Прстот е отечен, а од втората четвртина воопшто не можев да прифатам топка. Чекам да видам што ќе кажат лекарите“ – објави Грин.

Се вчитува...