Проклетството на Јуве продолжува – се повреди уште еден првотимец

Октомвриската репрезентативна пауза се покажува кобна за Јувентус, откако тренерот Андреа Пирло остана без помошта на неколку клучни фудбалери за претстојните натпревари на „старата дама“.

Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус и најмалку две недели ќе биде надвор од тимот, а проблемите со навалната линија се уште посериозни откако Пауло Дибала воопшто не тренираше со аргентинската репрезентација и по враќањето назад во Торино и на овој фудбалер му претстои нова пауза од терените. За проблемите да се уште поголеми, Пирло остана и без помошта на Арон Рамзи, кој беше стандарден првотимец на првите овосезонски натпревари. Велшкиот репрезентативец заработил повреда на последниот тренинг на националната селекција и ќе го пропушти денешниот дуел со Бугарија, а по враќањето во Торино ќе биде утврдено колку време ќе биде надвор од терените.

Јувентус до крајот на месецов го очекуваат пресметки со Динамо Киев и со Барселона во Лигата на Шампионите, како и дуели со Кротоне и со Верона во рамките од Калчо-лигата.

Се вчитува...