Ракометарите на Пролет без многу проблеми ја оправдаа фаворитската улога на дуелот против Вардар јуниор, триумфирајќи со убедливи 10 гола разлика (29-19).
Гостите на овој градски дуел издржаа само до 4-4, потоа следеше многу подобро издание на домашниот тим кој набрзина поведе со 10-5 и потоа рутински го контролираше темпото. Резултатот на полувреме гласеше 13-8, Пролет дојде до 22-12 за прва двоцифрена предност, позитива што избраниците на Матлиески без мака ја задржаа до последниот свиреж на судијата.
Стефан Трајковски со девет гола беш најефикасен во победничкиот тим, а прв стрелец на Вардар јуниор вечерва беше Кукуловски со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА