Пролет ја официјализираше разделбата од тренерот Лембанов

Алексо Лембанов и официјално повеќе не е тренер на РК Пролет откако скопскиот суперлигаш ја прифати оставката што младиот стратег ја поднесе по изненадувачкиот пораз од Вардар Неготино.

Пролет славеше на последниот меч во Прилеп под водство на Илија Темелковски, кој ќе остане на чело на тимот како ВД-тренер додека не биде најдено долгорочно решение за тренерската функција во Пролет.

„Ракометниот клуб Тинекс Пролет објавува дека спогодбено е прекината соработката со нашиот досегашен шеф на стручниот штаб, Алексо Лембанов. Овој стручњак мина неколку години во Тинекс Пролет, најпрвин работејќи со младите категории како помошник во стручниот штаб, а во последните две години беше и прв тренер на нашиот клуб. Изразуваме благодарност до Лембанов за професионалниот ангажман во целиот период во кој беше дел од Тинекс Пролет и му посакуваме многу среќа во иднина.

Функцијата ВД-тренер ќе ја извршува Илија Темелковски, под чие водство екипата успеа да слави во Прилеп, а клубот во меѓувреме ќе биде во интензивна потрага по долгорочно решение за функцијата шеф на стручниот штаб“, се вели во клупското соопштение на Пролет.

Се вчитува...