Пролет на подготовки во Маврово, потоа на турнир во Прилеп

Ракометарите на Пролет интензивно работат во Маврово, се со цел максимално подготвени да го дочекаат стартот на оваа сезона. Тренерот Илија Темелковски по одличните резултати како селектор на младинската репрезентација се врати на својот клупски ангажман, водејќи го тимот што во текот на летово се засили со тројца нови ракометари, Трајковски, Гроздановски и Јовчевски.

„Задоволни сме од условите за работа во Маврово. Тренираме според планот, новите играчи експресно се адаптираа, а во исчекување сме на уште едно до две засилувања со кои би го заокружиле играчкиот кадар“ – истакнуваат од РК Пролет.

Скопскиот клуб по враќањето во Скопје ќе учествува и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, каде ќе одигра контролни средби со домаќинот Прилеп, потоа со Борец Велес и со Пелистер.

Се вчитува...