Пролет потпиша со Христијан Петковски

Христијан Петковски од денеска е нов член на Тинекс Пролет откако перспективниот тинејџер го стави потписот на договорот со скопскиот суперлигаш.

Станува збор за 19-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек, а доаѓа во таборот на Пролет од редовите на Мулти Есенс. Овој перспективен млад играч ќе тренира со првата екипа и ќе се обиде да се наметне кај тренерот Александар Јовиќ за настап на натпреварите во вториот дел од сезоната, во кој Тинекс Пролет ќе биде дел од плејоф разигрувањето.

За Пролет веќе настапува братот на Христијан, Андреј Петковски, кој неколку години наназад ја чува мрежата на овој клуб. Браќата Петковски се синови на поранешниот македонски репрезентативен голман Зоран Петковски.

Се вчитува...