Променет режим на сообраќај поради „Скопскиот маратон“

На 1виоктомври 2023(недела), ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон и во периодот од 04:00 часот до 15:00 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај. Организаторите на Виз Ер Скопски маратонупатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат следните улици:ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11тиОктомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон 2023, во склоп на19то издание,повеќе од 11.000 учесницисе очекуваат да истрчаат низ скопските улици и да го исполнат главниот град со позитивна енергија.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.

Се вчитува...