Промени на врвот на АТП листата, Калин Ивановски напредуваше за девет места

Најдобар во светот и на најновата АТП листа, објавена денеска, сè уште е Јаник Синер со 13.450 поени.

Но, промени има веќе на следните позиции. Алексндар Зверев изгуби 360 поени, кои ги освои во Канада минатата сезона, и сега е повторно трет со 8.120 поени, само 40 помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува да се врати на теренот по неколкумесечна пауза.

Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 поени, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана петти со 3.760 поени, а Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 поени.

Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи скокна за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува Топ 10 листата со 2.680 поени.

Од македонските тенисери, натурализираниот Олег Приходко е на 425. место, назадувајќи 11 позиции, а Калин Ивановски, пак, е на 743. место напредувајќи за девет позиции.

Се вчитува...