Промени во Палермо: Несторовски и Трајковски со нов тренер и нов директор

Италијанскиот калчолигаш Палермо по петти пат го смени тренерот оваа сезона. По очајното издание на дуелот со Милан и поразот од 4-0, оставка понудил спортскиот директор Никола Салерно, а сменет е и шефот на стручниот штаб, Диего Лопез. Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски повторно ќе се соочат со промени во клубот.

„Не можевме да не реагираме по последните порази. Спортскиот директор Салерно ја понуди својата оставка и истата беше прифатена. Си заминува и тренерот Диего Лопез, а сега се насочуваме кон нашата младинска школа и шанса да го води сениорскиот тим ќе добие Диего Бертолуци, тренер од академијата. Тој своевремено беше асистент Франческо Гвидолин и добро ја познава работата во клубот“, изјави претседателот на Палермо, Пол Бакалјини.

 

Се вчитува...