Промислена Американка: Судијката Кларк ќе го тужи Ѓоковиќ, сака милиони за ‘доживеан страв’

Благодарение само на Новак Ѓоковиќ, линиската судијка Лаура Кларк стана преку ноќ планетарно позната.

Српскиот тенисер ја погоди сосема случајно со топче за време на натпреварот од УС Опен, но тоа значеше и негова дисквалификација од турнирот. Се случи несакано, но Новак мораше предвреме да го напушти Њујорк.

Ѓоковиќ и се извини на Лаура, следниот ден побара и од своите фанови да престанат со навредите кон неа… Но, очигледно Лаура добро ја промислила целата ситуација од која сега сака да заработи милиони.

Како што пренесуваат дел од американските медиумите, Американката од Кентаки сега подготвува тужба за Ѓоковиќ за повреда и доживеан страв со барање милионска отштета знаејќи со какво богатство располага најдобриот светски тенисер.

Се вчитува...