Промовирана монографијата „Емил Павлов македонска спортска икона”

Во присуство на поголем број каратисти и спортски работници, меѓу кои беше и олимпискиот шампион Шабан Трстена, во Штип беше промовирана монографијата „Емил Павлов македонска спортска икона“ посветена на најуспешниот македонски каратист Емил Павлов, кој на светското првенство во Дубаи 2021 година го освои сребрениот медал што е најголем успех на овој спорт во Македонија.

Mонографијата обилува со многу податоци не само за досегашните успеси на Емил Павлов, туку и за развојот на карате спортот во Штип. Автор е Кирил Манев, сигурно најдобриот спортски новинар од Штип кој досега, во својата успешна работа и како публицист има напишано повеќе од 20 книги посветени на спортот во градот под Исарот.

Рецензент на монографијата е еден од најпознатите спортски новинари во Македонија Миодраг Мицковиќ. Издавач Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ од Штип.

Се вчитува...