Промовирано логото за ЕП 2024 во Германија

На Олимпискиот стадион во Берлин вчера беше претставено логото и брендот за Европското првенство во фудбал кое во 2024 година ќе се одигра во Германија.

Симболично, брендот и логото беа промовирани синоќа во 20:24 часот.

Идејата е Европското првенство да биде настан кој ќе бидат добродојдени сите, и на кое ќе се слават различностите.

Сите 55 членки на УЕФА и 55 знамиња соединети во шест бои, опколени со легендарниот Олимписки стадион, е основата на логото кое ќе го преставува ЕВРО 2024.

Се вчитува...