Пронајден е МВП трофејот на Никола Јокиќ

Откако Никола Јокиќ изјави дека нема поим каде е неговиот МВП трофеј, стигна информација дека пехарот е пронајден.

Всушност, тој не беше ни изгубен, само српскиот центар беше нешто помалку заинтересиран за него од другите лауреати пред него.

Во интервју за ЕСПН, Јокиќ изјави дека не знае каде е трофејот и дека би сакал да му биде вратен.

Сепак, се беше брзо решено, а среќната вест за Никола, колку и да го потресе, ја соопшти токму новинарката на ЕСПН која правеше интервју со него.

Се вчитува...