Пронајдени три јагленосани тела на местото на несреќата каде загина Коби Брајант

Пронајдени се три од деветте тела на загинатите во страшната хеликоптерска несреќа во областа Калабасас во Јужна Калифорнија во која животот го загубија кошаркарската НБА легенда Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Властите на Калифорнија даваат максимални напори за да се расветли позадината на големата несреќа. Како што јавува Ројтерс, од местото на несреќата се извлечени три тела, но се уште не се идентификувани.

Хеликоптерот со девет патници се урна во неделата околу 09.30 часот по локално време. На денот на несреќата поради густа магла и лоши временски услови потрагата не даде резултати, а продолжува во текот на денешниот ден.

 

Се вчитува...