Пронајдено заканувачко писмо блиску до автобусот на Борусија Дортмунд

Бомбашкиот напад на автобусот на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд најверојатно има своја позадина. Пронајдено е писмо со заканувачка содржина, во близина на автобусот на „милионерите“, информираат германските медиуми.

Писмото е во рацете на истражниот јавен обвинител Сандра Лике и засега не се даваат информации за неговата содржина. Ќе треба информациите да се искористат за пронаоѓање на виновниците за овој бомбашки напад на автобусот на Борусија Дортмунд. Извршниот директор на клубот, Ханс – Јоаким Вацке, јавно, за „Скај Германија“, истакна дека ова е директен бомбашки напад на автобусот на нивниот клуб и трите експлозивни направи биле скриени во грмушките веднаш до патот по кој се движел автобусот.

Дали содржината на заканувачкото писмо ќе ги открие и сторителите на овој терористички чин?!

 

Се вчитува...