Пропадна трансферот на Алиоски – Галатасарај избра друг лев бек како засилување

Езгијан Алиоски дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во дресот на Галатасарај откако буквално во „пет до дванаесет“ пропадна овој трансфер на македонскиот репрезентативец. Минатата седмица се чинеше дека се е договорено, а Алиоски требаше уште да ги мине лекарските прегледи пред да го потпише тригодишниот договор.

Сепак, преговорите се искомпликуваа, а sino’a пристигна информација дека Галата договори доаѓање на друг лев бек од Премиер-лигата. Станува збор за Патрик ван Анхолт, дефанзивецот на Кристал Палас и на холандската репрезентација, кој исто како и Алиоски е достапен како слободен играч по истекот на договорот со лондонскиот клуб. Турскиот гигант преговараше со Ван Анхолт пред повеќе од еден месец, но откако се искомпликуваа разговорите со Алиоски повторно стана актуелен трансферот на Холанѓанецот, кој ги договори сите детали и утре треба да пристигне на лекарски прегледи во Истанбул.

Останува да се види каде ќе ја продолжи својата кариера Алиоски, за кого интерес во изминатиот период покажаа и Трабзон и Фенербахче.

Се вчитува...