Пропадна трансферот на Франк Кеси во Јувентус

Франк Кеси најверојатно нема да стане нов фудбалер на Јувентус, откако преговорите меѓу двете страни завршија без договор.

Италијанскиот гигант имаше намера да го ангажира репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска како слободен агент, но не успеа да ги усогласи сите услови околу договорот.

Јувентус му понудил годишна плата од 3,5 милиони евра, но не бил подготвен да ја зголеми понудата. Најголем проблем во преговорите се појавил околу третата година од договорот, односно условите за нејзино активирање и платата на Кеси во таа сезона.

Поради тоа, трансферот во Торино во моментов е пропаднат, а 29-годишниот играч може да разгледа други понуди. За него интерес покажува и Рома.

Кеси минатата сезона настапуваше за Ал-Ахли во Саудиска Арабија, за кој одигра 26 првенствени натпревари и постигна пет гола, со три асистенции. На Светското првенство во 2026 година настапи на четири натпревари за Брегот на Слоновата Коска и постигна еден гол.

Се вчитува...