Пропадна враќањето на Санчо, Дортмунд има нова „мета“

Се подготвува турбулентен летен преоден рок во Борусија Дортмунд. Германскиот вицепрвак ги „загуби“ Јулијан Брант, Никлас Зиле и Сали Озчан, а тимот ќе има потреба и од крилен фудбалер, а ако замине и Серху Гираси, ќе се ангажира и напаѓач.

Една од желбите на Борусија беше „кам-бек“ на Џејдон Санчо. Играчот кој не се снајде во Манчестер Јунајтед, како слободен агент имаше големи шанси да направи „кам-бек“ меѓу милионерите, но веројатно тоа нема да се случи.

Според извори до Дортмунд, Санчо се согласил на помала плата од онаа што ја прима во Јунајтед, но и таа била превисока за европскиот првак од 1997 година, и сега „жолто-црните“ имаат нова „мета“.

Станува збор за играчот на Арсенал, Етан Нванери. Овој играч беше позајмен во Марсеј во последните шест месеци, а веројатно нема да има многу простор за игра кај Артета и во идната сезона. Затоа се разгледува продажба, а тука Дортмунд ја гледа својата шанса.

Нванери има 19 години, и Арсенал го проценува на 40 милиони евра.

Се вчитува...