Пропаднаа амбициозните планови за експресно враќање на Марк Маркез

Марк Маркез нема да се натпреварува ниту на Мото ГП трката во Австрија закажана за претстојниов викенд. Хонда го потврди ова денеска најавувајќи и дека за тимот повторно како и во Брно ќе вози Штефан Брадл.

Марк Маркез доби скрешеница на трката во Шпанија и се надеваше на брзо враќање на патеките. Сепак мораше да мине низ две операции и низ подолг период на рехабилитација и затоа предвиденото враќање уште на натпреварувањето во Брно мораше да биде одложено.

Очекувањата се дека Маркез би се врати за трката за Големата нагрда на Сан Марино предвидена за 13. септември. За него сепак ќе претстои тешка сезона со оглед на бодовната дистанца која би ја имал Фабио Квартараро на девет трки пред крајот од сезоната и 1540 можни бодови за освојување со што многу извесно е дека ќе мора да се збогува од титулата.

Се вчитува...