Просинечки дефинитивно заминува од репрезентацијата на БиХ?

Роберт Просинечки дефинитивно нема да ја води репрезентацијата на Босна и Херцеговина во последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. По поразот од Грција Просинечки повеќе нема апсолутна подршка од Извршниот одбор во фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, иако пред месец дена не беше прифатена неговата оставка по поразот од Ерменија, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Наследникот на Просинечки ќе има тешка задача преку Лигата на нации да ја одведе репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Европското првенство кое ќе се одржи во 2020 година.

Се вчитува...