Просинечки доби отказ по седум кола

Кратко траеше авантурата на Роберт Просинечки во хрватскиот прволигаш Рудеш, откако екс-ју фудбалската легенда доби отказ по само седум кола од новата сезона.

Причината е јасна – катастрофалните резултати на тимот кој иако играше допадлив фудбал за око, освои само еден бод во првите седум кола и мораше да се реши за тренерска смена.

„Седнавме, разговаравме, видовме дека е најдобро секој да си тргне на своја страна, без нималку бес“, ја потврди Просинечки разделбата од Рудеш.

Претседател на овој клуб е поранешниот хрватски репрезентативец Џо Шимуниќ, кој имаше само пофални зборови за стратегот при неговото заминување од Рудеш.

„Просинечки е голем господин, исто така е и одличен тренер, но за жал вакви работи се случуваат во фудбалот, резултатите ја диктираат иднината на тренерот“, прокоментира Шимуниќ.

Се вчитува...