Просинечки неславно се раздели со Олимпија: Со вакви лажговци никогаш не сум работел

Поранешната легенда на хрватскиот фудбал Роберт Просинечки, се раздели со Олимпија Љубљана после само три месеци колку што беше на клупата на словенечкиот тим. Тој неславно ја заврши својата авантура, и беше сменет за време на подготовките на екипата.

Образложението на претседателот на Олимпија беше дека Просинечки не водел грижа околу младите играчи, и затоа добил отказ.

Просиченчки сето тоа го демантираше.

„Можеа да кажат дека не знам да работам, но дека не бев чесен, тоа никако не требаше да го кажат. Работев со секакви лажговци, но со вакви никогаш. Тоа ни Алфред Хичкок не можеше да го изрежира. Претседателот ми споменуваше некои нови играчи. Јас на еден состанок прашав да не треба помош околу менаџирање на клубот, затоа што менаџментот не постоеше. Тие воопшто не знаат што се случува во клубот, а немаат слух ниту за навивачите. Претседателот на клубот донесе хартија да го потпишеме, за да му биде лесно да го тргне директорот Игор Баришиќ. И ние бевме подготвени да потпишеме, а доле со мали букви стоеше дека ако го смени Баришиќ, тогаш сите добиваме отказ. Можеше да ми каже да си одам, и ќе немаше проблеми. Парите не ме интересираа, сакав само на клубот да му оди подобро“, рече Просинечки. 

Се вчитува...