Искусниот хрватски стратег Роберт Просинечки е кандидат за клупата на фудбалската репрезентација на Виетнам, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Според медиумите во Виетнам, Роберт Просинечки е меѓу кандидатите за испразнетото место селектор на тамошната репрезентација.
Претходниот тренер, јужнокорејецот Парк Ханг-Сео, ја напушти функцијата, а Виетнамската фудбалска федерација треба да назначи нов човек на почетокот на 2023 година.
Истиот медиум јавува дека за изборната функција има дури 25 кандидати. Виетнам моментално е 96. репрезентација според рангирањето на ФИФА, а никогаш не се пласирале на Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА