Просинечки си поднесе оставка по катастрофата во Ерменија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки си поднесе оставка, по катастрофата во мечот против Ерменија, кој неговите избраници го загубија со 4-2.

„Разговарав со сите. Кога ја презедов репрезентацијата мислев дека ќе одиме на Европско првенство. Не успеавме во тоа и затоа поднесувам оставка, давајќи шанса на некој друг тренер. Наследникот ќе има доста време да ја подготви репрезентацијата за Лигата на нации“, изјави Просинечки. 

Босна и Херцеговина последната шанса за пласман на ЕП 2020 ќе ја бара преку Лигата на нации.

Се вчитува...