Прослава на грчки начин: ПАОК славеше со контроверзни маски и со провокативни пораки!

Фудбалерите на ПАОК стигнаа до трофејот во Купот на Грција со победата од 2-0 против АЕК во Атина.

Дербито повторно мина со инциденти, пред и по мечот, а полицијата во грчката престолнина постојано беше под максимален ангажман.

На крајот од натпреварот тимот од Солун почна со големата прослава. Но, истата наиде на сериозни критики од грчката спортска јавност откако фудбалерите на ПАОК носеа маски од контроверзниот сопственик на тимот, Иван Савидис кој неодамна на првенствен меч, токму меѓу ПАОК и АЕК влета на терен со пиштол.

Фудбалерите на ПАОК носеа и маици на прославата со провокативна порака кон противничките фудбалери: „Двојна круна за ПАОК“. Иако, АЕК ја освои шампионската круна. Но, во Солун сметаат дека тие се морални победници и во првенството!

Се вчитува...