Протести пред Олимпискиот стадион во Токио (ВИДЕО)

Олимписките игри и официјано беа отворени со спектакуларна церемонија на Олимпискиот стадион во главниот град на Јапонија, меѓутоа пред него во истиот момент беа забележани и масовни протести од страна на граѓаните на Токио поради преголемиот број на нови случаи на коронавирус.

Ваков вид на протести кои бараат откажување на Игрите се одржуваа и пред почетокот, но сепак овогодишното одложување не беше опција. Како потсетување, поради преголемиот број на позитивни случаи не се дозволени туристи од останатите држави, а натпреварите на првенството ќе бидат одиграни пред празни трибини.

Се вчитува...