Против Украина без Серафимов и без Крстевски

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го одреди тимот со кој ќе и се спротивстави на Украина на утрешниот премиерен меч на Европското првенство. Отпаднаа десниот бек Мартин Серафимов и средниот бек Горан Крстевски.

За настап е опоравен Марко Мишевски, кој треба да помогне во играта во одбрана по отсуството на Велко Маркоски. Македонија меѓу 16-те ракометари ќе има тројца голмани и тројца пивотмени.

Европското првенство за нашиот национален тим почнува утре во 20.30 часот.

Се вчитува...