Противникот на Македонија ЃП ги исплати долговите и ќе може да регистрира играчи

Постоеше опасност софиска ЦСКА, противникот на Македонија ЃП во 2. квалификациско коло од Лигата на Конференции, да биде без засилувања пред настапите во Европа. Причината за такво нешто е што клубот беше тужен од страна на поранешни играчи поради неисплата на плати.

Меѓутоа софискиот тим денеска објави дека го реши тој проблем, и дека платила обестештувања во висина од околу 800.000 евра на поранешните играчи Нелсон Барош, Диар Рибеирои и Тангариња.

„Со тројцата се водеше спор во спортскиот арбитражен суд. Со плаќањето на сумата ќе се поништи забраната за регистрирање на нови играчи кои ќе бидат на располагање за ЦСКА за следната сезона“, соопштија од ЦСКА. 

Бредли де Нојер и Лазар Туфегчиќ се засега новите имиња кои ги договори софискиот клуб, и сега ќе можат да бидат регистрирани и да бидат дел од тимот веќе на двата меча со Македонија ЃП.

Се вчитува...