Прв Германец во историјата на ЦСКА Москва

Европскиот првак ЦСКА Москва ги засили своите редови со Јоханес Фоигтман, откако германскиот крилен центар потпиша двогодишен договор со рускиот гигант. Со овој трансфер Фоигтман стана прв Германец што го облекува дресот на ЦСКА, ставајќи му се на располагање на тренерот Итудис во обид да состави нов шампионски тим.

За потсетување, рускиот состав летово го напуштија две големи „ѕвезди“, Кори Хигинс и Нандо де Коло, а од вчера член на ЦСКА повеќе не е ниту Алекс Питерс.

Во меѓувреме, ЦСКА потпиша нови договори со Вил Клајбурн, Кајл Хајнс и Антон Семенов, но јасно е дека на Итудис ќе му бидат неопходни уште неколку врвни засилувања за рускиот тим да може да се бори за одбрана на европската круна.

Се вчитува...