Прв играч од НБА кој се излечи од коронавирус, камерман од мечот Детроит – Јута се бори за живот

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Кристијан Вуд го победи коронавирусот комплетно заздравувајќи од оваа болест, потврди неговиот агент Адам Пенсак.

Вуд беше третиот кошаркар од НБА лигата на кој му беше дијагностициран вирусот. Сега за Вуд, по првиот негативен тест, останува и вториот за да биде комплетно завршено со неговото лекување.

Детроит играше против Јута само четири дена пред да стигне информацијата дека Руди Гобер е позитивен на коронавирусот. Се чини дека тој натпревар бил жариште затоа што се зарази и Донован Мичел, а заразен бил и еден од камерманите кои работат на пренос на натпреварите. За разлика од кошаркарите, камерманот сега се бори за живот во болница во САД каде е ставен во индуцирана кома.

Се вчитува...