Ф91 Дуделанж избори место во групната фаза од Лига Европа и влезе во историјата како прв тим од Луксембург што постигнал ваков успех.
После Дрита и Легија, во последната пречка, Дуделанж го исфрли романскиот Клуж за продолжен настап во Лига Европа. По победата од 2-0 во Луксембург, фудбалерите на Дуделанж славеа и на реваншот во Романија со 2-3 и стигнаа до големиот успех.
По првото полувреме во Клуж беше 0-0, а потоа Кутурие го скрши мразот за водство на Дуделаж од 0-1. Три минути подоцна следуваше нов шок на домаќините откако Синани го зголеми водството на луксембуршкиот тим. Дуделанж и со овој резултат веќе беше многу блиску до групната фаза, но точна стаави Турпел за водство од 0-3. До крајот Клуж успеа само да го ублажи поразот со погодоците на Тамбе во 85 и на Омрани во 88.минута за конечните 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА