Прв подиум за „PSS racing team“ во ТЦР Европа

Македонскиот тим  „PSS racing team“ оствари одличен резултат на денешната трка од ТЦР Европа што се возеше во Франција, откако возачот Нестор Џиролами стигна до втората позиција. Ова е прв подиум за „PSS racing team“, огромен успех, воедно и мотив за уште подобри резултати во периодот што следи.

Џиролами стартуваше од 7. позиција на обратниот грид на стартот по вчерашниот пласман (кога ја освои петтата позиција) и веќе во првиот круг надомести две позиции, една поради откажувањето на Брише. Набргу потоа го претекна Теди Кларе со два одлични маневри и го превзеде третото место.

Меди Бенани беше казнет со минување низ боксот, што му овозможи на Џиролами и PSS Racing Team да напредуваат на втората позиција за најдобриот пласман на македонската екипа во досегашното учество во ТЦР Европа првенството.

Се вчитува...