Прв пораз на „баделки“ оваа сезона

Кошаркарките на Бадел го претрпеа првиот пораз сезонава губејќи на домашен терен од Баскет Кам со 54-57, но без оглед на денешниот неуспех „баделки“ ќе влезат како прворангирани во плејофот. Дербито во „Независна Македонија“ донесе доста нервозна игра во која акцент беше ставен на добрите одбрани на двете страни. Во првиот дел гостинките од Каменица имаа предност, го диктираа резултатот и на одмор заминаа со предност од три поени (32-35).

Работите се сменија со почетокот на третата четвртина, период во кој Бадел направи серија од 13-2 и го превзеде водството. Во 25. минута резултатот гласеше 45-37 за „баделки“, но гостинките од Каменица се вратија и мечот влезе во неизвесна завршница. Во последните минути Баскет Кам одигра за нијанса подобро од домаќинките, за победа и најава за неизвесна завршница на сезоната во женскиот кошаркарски шампионат.

Во победничкиот тим најдобро одигра Гобељиќ< која реализираше дабл-дабл од 23.поени и 10.скока. Иако стигна до 17 поени, Митрашиновиќ имаше многу низок процент на реализација (19% од поле). Во редовите на Бадел најефикасни беа Трајчевска со 18 и Стојановска со 13 поени.

Се вчитува...