Прв тренинг на Дембеле со соиграчите, во трка со времето за „Ел Класико“

Барселона плати 105 милиони евра за услугите на Осман Дембеле, но францускиот ас уште на стартот на својата авантура во каталонскиот гигант заработи тешка повреда на коленото поради која подолго време е надвор од терените.

Добра вест за каталонците е што Дембеле веќе влезе во завршната фаза од рехабилитациската програма, па од денеска почна да тренира со остатокот од тимот. Како што информираат шпанските медиуми, Французинот без проблеми го издржал тренингот, во кој учествувале и Иниеста и Маскерано. И додека Шпанецот и Аргентинецот би можеле да се вратат веќе во следното коло против Ла Коруња, планот на тренерот Валверде е да се обиде Дембеле да го оспособи за настап на „Ел Класико“, дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид закажан за 23 декември.

Екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд сигурно нема да биде стартер, но би влегол во игра во второто полувреме и би бил освежување за навалната линија каде сиот товар паѓа врз Меси и Суарез.

Се вчитува...