Прва капитенска победа на Миркуловски со Вецлар

Филип Миркуловски ја прзеде капитенската лента во германскиот Вецлар и ја прослави првата победа во новата капитенска улога. Вецлар ја оправда фаворитската улога против Гросвалштад победувајќи со 30-24 во првата фаза од натпреварите во Купот на Германија.

Македонскиот репрезентативец на овој натпревар запиша еден гол.

Победа во првата рунда во германскиот Куп славеше и Филип Талески со Рајн Некар Левен. „Лавовите“ беа надмочни против Фуштенфелдбрук со 43-19. Талески постигна два гола дополнети со четири асистенции.

Се вчитува...