ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Кој ја избриша Македонија ЃП од трката за Европа!?

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 21. КОЛО

Кој ја избриша Македонија ЃП предвреме од трката за Европа!? Пред само шест кола во домашниот шампионат „лавовите“ беа во позиција за битка за опстанок. Но, по доаѓањето на Муарем Бајрами на кормилото на тимот од Ѓорче Петров играат некој нов фудбал, па сега со три пролетни победи во исто толку натпревари се на чекор од третата позиција која води на европската сцена. Шкендија, пак, се чини нема сили да го загрози патот на Шкупи кон трофејот, па веќе е се поизвесно дека Чаир оваа година ќе слави титула.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Јован Попзлатанов (Македонија ЃП)

Извонреден натпревар за Попзлатанов во дресот на „лавовите“. Постигна погодок во моментите кога неговиот тим беше во подредена позиција, а потоа и во извонредна соло акција асистираше за уште еден гол на Македонија ЃП, безмалку самиот извлекувајќи ја повеќе од значајната победа од 2-1 против штипска Брегалница.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ѓорѓе Стојчев (Ак. Пандев)

Со скепска од страна на домашните фудбалски аналитичари беше примена веста дека ќе ги води „пандевци“ во битката за Европа во пролетниот дел од шампионатот. Но, на самиот старт од пролеттта низ првите три кола запиша повеќе од солидни изданија, заокружени и со тактички одлично одиграниот последен натпревар за реми со тетовска Шкендија.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)

Дефинитивно најубавиот погодок во ова коло од прволигашките возбудувања е дело на Буњамин Шабани од Струга ТЛ. Со прекрасен шут од 20 метри донесе победа од 0-1 за својот тим на гостувањето против Борец во Велес.

========================================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Не се фудбалски терени лоши – фудбалерите само мора малку повеќе да внимаваат на опремата!

 

Се вчитува...