ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Дербито без голови, Работнички победнички во Тетово (ФОТО)

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС (2-1)

Броја 33′(п), Сухељ 39′ – Дурански 52′

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

Адем 74′ – Вијачки 62′, Пеев 76′

Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (1-1)

Савиќ 73′ – Макота 61′

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (1-1)

Филиповски 63′ – Миловановиќ 44′

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 28. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • Шкупи славеше против Силекс со 2-1!
  • Крај и на дуелот во Ѓорче Петров. Реми и на Македонија ЃП и Академија Пандев

КРАЈ НА ДЕРБИ ДУЕЛОТ МЕЃУ ВАРДАР И ШКЕНДИЈА. Без победник!

  • Продолжи дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Вардар се обидува да дојде до победнички гол но без изразити шанси!

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 88′ – Повторно прекин во Маџари. Десниот бек на Шкендија, Мевљан Мурати погоден со тврд предмет од трибината во делот каде се „Комитите“. Јакимовски повика да се укаже лекарска помош за Мурати!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

!!! – 81′ – Смешен пенал досуди главниот судија Марјан Маркоски за Ренова кој само тој го виде. Но, Влатко Стојановски не успеа да реализира од белата точка. Младиот голман Јанков одлично одбрани!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

!!! – 77′ – ИСКЛУЧУВАЊЕ ЗА ТРЕНЕРОТ НА РЕНОВА, НИКОЛА ИЛИЕВСКИ – ЏИЏИ ПОРАДИ ЖЕСТОКИ РЕАКЦИИ КОН ГЛАВНИОТ СУДИЈА МАРЈАН МАРКОСКИ!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

1-2 – 76′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Илијоски го проигра Петковски, тој шутираше од десетина метри, Ѓуриќ ја одби топката, а Пеев натрча и постигна погодок.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 74′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. По корнерот од десната страна, топката падна кај Ермедин Адем, и со прецизен удар успеа да ја затресе мрежата на Работнички.

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (1-1)

1-1 – 73′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Душан Савиќ носи израмнување на резултатот на мечот во Струмица

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 63′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Мајсторски погодок на Кристијан Филиповски. По корнерот од левата страна на Божиновски со волеј зафаќа една топка од 16 метри и погодува во долниот десен агол од голот на гостите

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 62′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Петковски изведе корнер, топката на петерецот дојде до Емил Вијачки, кој ја затресе мрежата на Ренова

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (0-1)

0-1 – 61′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Со погодокот на Јаник Макота прилепчани доаѓаат до водство во Струмица

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

54’ – Адем шутира со глава по корнерот од десната страна, над голот на Работнички

ШКУПИ – СИЛЕКС (2-1)

2-1 – 52′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Феноменален гол на Филип Дурански. Со волеј удар мајсторски го искористи центаршутот од левата страна, и од 12 метри откосо прекрасно погодува во спротивниот агол

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во 28. коло во ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 44′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Даниел Миловановиќ носи водство за струмичани во Ѓорче Петров

ШКУПИ – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 39′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Убава акција по левата страна на Бесар Исени, нафрла пред голот на Силекс каде на неколку метри најдобро се снаоѓа Мухарем Сухељ и од непосредна близина носи водство од 2-0

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

35’ – Влатко Стојановски шутираше, но Јанков успеа да одбрани

ШКУПИ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 33′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Оправдано досуден пенал за домашните. Рон Броја прецизен од 11 метри за водство против кратовци

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

28’ – Зука шутира од 25 метри, Јанков со одлична интервенција исфрли во корнер

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

27′ – Стјепановиќ го проигра Изалдо Жуниор кој од околу 20 метри откосо шутира, но за малку покрај левиот дирек од голот на „пандевци“

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

25’ – Баже Илијоски шутира од изгледна позиција, но Ѓуриќ одбрани

ШКУПИ – СИЛЕКС (0-0)

19′ – Одлична шанса за Шкупи на мечот во Чаир, но Сухељ за малку непрецизно

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

16’ – Влатко Стојановски шутира откосо од левата страна, крај голот на Работнички

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

18′ – 100% шанса за Шкендија. Жуниор шутира од 15 метри, Гачевски брани а на одбиената топка со глава Ибраими осамен од 7-8 метри но шутира над голот на домашните

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

17′ – Конфликт на теренот меѓу двајцата најдобри фудбалери од двата тима Хуан Фелипе и Агим Ибраими. На крај смирена ситуацијата, а жолт картон добива Ибраими

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

13′ – Продолжува дербито на стадионот „Борис Трајковски“ откако навивачите на Вардар прекинаа со скандирањата

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 10′ – ПРЕКИН НА МЕЧОТ ВО МАЏАРИ. Главниот судија Дејан Јакимовски го прекина дуелот поради скандирања на „Комитите“ на националистичка основа. Капитенот на Вардар, Филип Гачевски се убедува со „Комитите“ да прекинат скандирањата.

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

2′ – Миловановиќ шутира од 18 метри кон голот на домашните, но непрецизно

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

5′ – Прва можност за „вардарци“. Матеј Цветановски во продор по левата страна, но топката завршува само во корнер

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 28. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дерби пресметката во Маџари меѓу Вардар и Шкендија. Вардарци без измени во стартниот тим, а кај Шкендија во првиот тим се враќа капитенот Арменд Алими

======================================================================================

Во 28. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, големата дерби пресметка денеска во Маџари каде Вардар ја пречекува Шкендија. Интересен дуел и во Тетово каде Ренова во битката за Европа се соочува со Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...