ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Драма во Кратово – три пенали и седум гола, Работнички загуби со гол во 94. минута, победи на Шкупи и Борец

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 9. КОЛО….

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-1)

Дербо 79′

Гостивар: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (3-0)

Лена 2′ (п), Миленковски 9′, Османи 69′

Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

Пеев 85′, Ѓорѓиев 90’+1 – Фернандо Аугусто 90’+5

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (4-3)

Ивановски 29′(п), 78′ (п), Ристов 50′, Мустафов 94′ – Станковски 53′, Чумиќ 74′, Јевтоски 80′(п)

ВЧЕРА

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 90’+5 – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Бразилецот Фернандо Аугусто постигнува почесен гол за „лавовите“ во Велес

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (4-3)

4-3 – 94′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Бурхан Мустафов во четвртата минута од судиското продолжение носи победа за Силекс

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 85′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. По повторен пенал, Стевковски го брани ударот на Прелчец но одбиената топка во мрежата ја сместува Пеев

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (3-3)

3-3 – 80′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Повторно израмнување на „романтичарите“, сега од пенал со голот на Стеван Јевтоски

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Дамбо Дербо ги носи чаирчани до водство

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-2)

2-2 – 74′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Убава акција на „романтичарите“, пред голот на Силекс топката ја зафаќа Ѓурѓевиќ која доаѓа до нововлезениот Лука Чумиќ кој од непосредна близина погодува за 2-2

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

70′ – Извонредна шанса за Марјан Ристовски, но шутира над голот на Македонија ЃП

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

!!! – 0-0 – ПРОМАШЕН ПЕНАЛ НА МАКЕДОНИЈА ЃП. Калид Абдул Басит, интернационалецот од Гана, беше соборен во домашниот шеснаесетник. Истио играч го изведе и пеналот, но Бурхан Мустафа одлично одбрани спречувајќи водство на гостите.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 53′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Извонредниот центаршут од десната страна, Лука Станковски мајсторски го искористува со ефектен гол со глава од десеттина метри стрелајќи под гредата од домашниот гол

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 50′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По нафрлањето од левата страна, мешаница пред голот на Работнички, каде од само неколку метри Денис Ристов успева да стрела за 2-0

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

46′ – 100% шанса за израмнување на Работнички. По нафрлањето од десната страна, Милош Тошески на само 4-5 метри пред голот на Силекс непречен од никого шутира високо над голот на домашните!

Почеток на второто полувреме…

  • Крај на првото полувреме на натпреварите од 9. коло во ПМФЛ

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

37′ – Одличен удар на Калид Абдул Басит, но голманот на Борец, Мустафа сигурно брани

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 29′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Иван Ивановски ги носи кратовци до водство со прецизен удар од белата точка

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

27′ – Убава шанса за Радовиќ, но Личина во последен момент блокира и спречува водство на Борец

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

26′ – Одлична шанса за водство на Силекс. Даниел Карчески во обид да нафрли од левата страна, но топката заврши во дирекот и на самата гол линија спаси гостинскиот голман

СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (2-0)

2-0 – 9′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Одлична акција на домашните која по левата страна со пробив ја завршува Филип Миленковски за водство и од 2-0

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

6′ – 100% шанса за Ренова. Мухарем Сухељ сам пред празен гол на неколку метри, но лошо ја зафати топката и брани Талески

СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 2′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Нијас Лена од пенал носи водство за Струга ТЛ против Беласица

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

3′ – Радовиќ во одлична шанса сам се пробива пред голот на Македонија ЃП, но гостинскиот голман навреме интервенира

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати и состави за натпреварот меѓу Ренова и Пелистер, кој ќе се игра во Гостивар, поради реконструкцијата на теренот на стадионот во Тетово…

  • Познати се составите за пресметката меѓу Академија Пандев и Шкупи во Струмица…

======================================================================================

Во 9. коло од ПМФЛ, интересна пресметка во Струмица каде Академија Пандев ќе биде домаќин на Шкупи. Македонија ЃП гостува на Борец во Велес, а Работнички во Кратово.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...