ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Коло во знакот на домаќините, Работнички единствено со бод од Ѓорче Петров… (ФОТО)

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС (1-0)

Цветановски 55′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (5-2)

Алими 5′, Тотре 13′, Бејтулаи 26′, Радески 83′, Жуниор 85′ – Макота 76′

Турново: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (2-1)

Дориев 41′(п), Стоилов 89′(п) – Мустафов 83′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Кировски 63′ – Шаркоски 68′

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ (2-0)

Горгиев 9′, Савиќ 75′ (п)

======================================================================================

КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ…

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 89′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. И втор пенал за „пандевци“, сега Ѓорѓи Стоилов погодува за нова предност

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (5-1)

5-1 – 85′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И Жуниор се запишува во листата на стрелците за Шкендија

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (4-1)

4-1 – 83′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Марјан Радески откако се врати на фудбалските терени, сега прекрасно погодува со глава од 12 метри за водство од 4-1

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 83′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Бурхан Мустафов носи израмнување за Ренова во Турново

БЕЛАСИЦА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 75′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Струмичани ја дуплираат предноста со голот од пенал на Душан Савиќ

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (3-1)

3-1 – 76′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Јаник Макота постигнува погодок за Победа на гостувањето во Тетово

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 68’ – ГООООООЛ за Работнички. Центаршутот од левата страна, Марко Јовановски остана кус, топката дојде до Николче Шаркоски кој ја затресе мрежата

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 63′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Христијан Кировски го отвори резултатот со удар од 15 метри, по проигрувањето од Тантуровски.

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 55′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлична акција почната од Фелипе кој продолжи до Попзлатанов а десниот бек нафрли пред голот на гостите каде на неколку метри натрча Матеј Цветановски и ја смести топката во мрежата

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

51′ – Аврамовски шутира од 16 метри, но Ефремов брани исфрлајќи во корнер

Почеток на вториот дел на натпреварите од 25. коло во ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 41′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупче Дориев од пенал носи предност за Академија Пандев

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

34′ – Убава шанса за Петар Икиќ, офанзивецот на Силекс, но не се снајде најдобро пред голот на Вардар

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 26′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И Егзон Бејтулаи се запишува во листата на стрелците, веќе за убедлива предност

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (0-0)

21’ – Одлична шанса за Работнички. Баже Илијоски го мина Марко Јовановски, шутираше кон голот, но на гол – линијата Лукас Матос Гама спаси чист погодок и исфрли во корнер

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

25′ – Вардар доминира на дуелот во Маџари, но без посериозни шанси со исклучок на шутот на Најдовски уште во 9. минута

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (0-0)

14′ – Љупче Дориев во прекрасна шанса, шутира од 12 метри но брани гостинскиот голман

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 13′ – Прекрасна акција по десната страна, одлично проигран Тотре на 15 метри кој прецизно шутира за 2-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (0-0)

7′ – Нервозен старт во Ѓорче Петров. Дуел имаа Баже Илијоски и Лукас

БЕЛАСИЦА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 9′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Пепи Горгиев во раната фаза од натпреварот ја носи Беласица до предност против Шкупи

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИА. Одлична акција на домашните, Алими добива топка на 15 метри и ниско по земја прецизно стрела за водство

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Шкендија по нова бодови против Победа во Тетово… На последните два меча пред своите навивачи Шкендија има два порази од Победа.
  • Работнички со новиот тренер Баже Лазаревски во желба за надминување на кризата на гостински терен против Македонија ЃП…
Баже Лазаревски во Ѓорче Петров

======================================================================================

Во 25. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, лидерот Шкендија ја пречекува Победа во Тетово, Вардар атакува на нови бодови против Силекс а Академија Пандев во Турново на „Кукуш“ ќе игра против Ренова. 

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...