ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Гачевски бранеше се… Шкендија и Вардар ремизираа! (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО – 19. КОЛО…

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1)

Ибраими 85′ – Грнчаров 79′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

Скопје: ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (5-2)

Илијоски 7′, 17′, 23′, Јашароски 59′, Стојкоски 79′ – Стоилов 31′, Грифони 71′

Турново: ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

Даноски 11′ – Маневски 9′

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ (одложено, 21. февруари)

ТАБЕЛА: Шкендија 47 бодаВардар 39, Силекс(-1) 31, Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20Ренова 19, Пелистер 17, Скопје(-1) 10 бода.

=========================================================================

КРАЈ НА ДЕРБИТО ВО ТЕТОВО. Реми на Шкендија и Вардар (1-1)!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 85′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими доби убава топка на 16 метри, веднаш шутира од свртување и го совладува Гачевски кој овој пат е немоќен

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. По корнерот од десната страна, топката на вториот дирек до капитенот Грнчаров кој со глава носи водство за шампионот!

КРАЈ И ВО ТУРНОВО. ПОБЕДА И ПЕЛИСТЕР РЕМИЗИРАА (1-1)

КРАЈ И НА МЕЧОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“… РАБОТНИЧКИ И РЕНОВА РЕМИЗИРАА БЕЗ ГОЛОВИ!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО МАЏАРИ… ШКУПИ СЛАВЕШЕ ПРОТИВ АКАДЕМИЈА СО 5-2!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

63′ – Нова извонредна шанса за Шкендија. Алими одлично го проигра Радески кој е сам пред голот на Шкендија, но Гачевски со пад во нозе го спасува Вардар!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

61′ – Одлична шанса за Радески кој од свртување шутира но Гачевски брани!

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (5-2)

5-2 – 79′ – ГОООЛ ЗА ШКУПИ. И Кристијан Стојкоски се запишува во листата на стрелците за 5-2

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (4-2)

4-2 – 71′ – ГОООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Грифони постигнува погодок за намалување на резултатот

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

51′ – 100% шанса за Вардар. Барсегјан се најде очи во очи со голманот на Шкендија од идеална позиција, но Захов спасува!

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

60′ – Велинов нафрли од слободен удар, Красниќи шутираше со глава, а Кобетиќ успеа да одбрани.

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (4-1)

4-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Адем Јашароски. По проигрувањето од десната страна, Јашароски избива сам пред голот на гостите и ниско по земја погодува за 4-1

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (3-1)

!!!! – 56′ – Пенал за Шкупи. Баже Илијоски не успева да го постигне и четвртиот гол. Вујанац го брани неговиот шут од белата точка.

Почеток на вторите 45 минути на натпреварот во Скопје и во Турново….

Крај на првото полувреме на дербито во Тетово!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

!!!! – 42′ – Неверојатна шанса за Шкандија. Ибраими продре во гостинскиот шеснаесетник од десната страна, го проигра Хасани кој беше само на 2-3 метри пред голот на Вардар но ја промаши празната мрежа одбивајќи ја топката над голот на Вардар

Крај на првите 45 минути и во Турново и на стадионот во Маџари на пресметката меѓу Шкупи и Академија Пандев!

Крај на првото полувреме на дуелот меѓу Работнички и Ренова

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

25′ – Добра шанса и на Шкендија. Бесарт Ибраими се најде во одлична позиција по десната страна, но неговиот шут од десеттина метри го одбрани Гачевски

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

!!! – 22′ – 100% шанса за Вардар. Барсегјан нафрли од левата страна, Попзлатанов се најде осамен на само неколку метри пред голот на Шкендија но Захов брани спасувајќи сигурен гол на шампионот

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

18′ – И Барсегјан се обидува со шут од околу 20 метри, но за малку над дирекот од голот на домашните

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

15′ – Убав обид на Хуан Фелипе кон голот на Шкендија, но за малку непрецизен

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (3-1)

3-1 – 31′ – ГООООЛ НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Ѓорѓи Стоилов… Убава акција на гостите, од непосредна близина стрела Стоилов за прв гол на струмичани

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

0-0 – 9′ – Мирно на дербито во Тетово. Шкендија ја има иницијативата, но без посериозни шанси досега

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (3-0)

3-0 – 23′ – ГООООЛ НА ШКУПИ: Баже Илијоски… Нов контранапад на домаќините на стадионот во Маџари. Баже Илијоски повторно осамен и постигнува неверојатен хет-трик за само 16 минути!

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

14′ – Велинов центрираше од десната страна, Нехар Садики шутираше со глава, но погоди свој соиграч на патот кон голот

ПОЧЕТОК НА ДЕРБИТО ВО ТЕТОВО…

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 11′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Зоран Даноски… По акцијата по десната страна, нафрлување на вториот директ каде се најде Даноски и од 5-6 метри го израмнува резултатот

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 9′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Борче Маневски… По корнерот од десната страна, на вториот директ Борче Маневски осамен лесно погодува за 0-1

ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Баже Илијоски… Одличен деганжман на голманот Зендели, а Баже Илијоски во соло продор минува до голот на Академија Пандев и мајсторски стрела за 1-0!

Почеток на натпреварите во Скопје и во Турново…

  • ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДЕРБИ ПРЕСМЕТКАТА ВО ТЕТОВО… Шкендија стартува со најновото засилување Висар Муслиу, а во Вардар во нападот ќе ги нема Максим Максимов и засилувањето Битанг.

  • Дерби мечот меѓу Шкендија и Вардар ќе доцни 20 минути (стартува од 14:20 часот) како комплетно би се подготвил теренот на Градскиот стадион во Тетово.
  • Одложен е натпреварот меѓу натпреварот на Силекс и Скопје поради поплавен терен на Градскиот стадион во Кратово.

================================================================================

Почеток на пролетната полусезона во македонскиот фудбал. Стартуваат натпреварите од 19. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. И веднаш со дерби пресметката во Тетово меѓу најдобрите две домашни екипи Шкендија и Вардар.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...