ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: „Пандевци“ го запреа победничкиот од на Шкендија, Пелистер се враќа во игра за опстанок… (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 30. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Ангелов 56’

Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-2)

Балдовалиев 53′, Атанасов 64′(п) – Жуниор 16’, Ибраими 19’

Тетово: РЕНОВА – СКОПЈЕ (2-0)

Стојановски 71′, Костов 77′

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (2-1)

Маневски 16’, Танушев 52′(аг) – Бујчевски 30’

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА (3-1)

Јашароски 63′, Емре Чан 76′, Илијоски 84′ – Најдовски 87′

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 30. КОЛО ВО ПМФЛ!

КРАЈ И НА МЕЧОТ ВО ТЕТОВО…. Триумф на Ренова против Скопје!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТУРНОВО… Реми меѓу Академија Пандев и Шкендија

ШКУПИ – ПОБЕДА (3-1)

3-1 – 87′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Пенал и за прилепчани, Филип Најдовски погодува за намалување на предноста на домашните

ШКУПИ – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 84′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Сомнителен пенал за домашните кој успешно го реализираше Баже Илијоски

ШКУПИ – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 76′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Одлична акција на Илијоски и Јашароски кој нафрла пред голот на гостите, каде Емре Чан со глава од 5-6 метри сместува во празната мрежа

РЕНОВА – СКОПЈЕ (2-0)

2-0 – 77′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Стефан Костов стрела за Ренова за дуплирано водство

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-0)

68′ – Нова одлична акција на Јашароски, добро шутираше од 12 метри но овој пат за малку непрецизно

РЕНОВА – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 71′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Влатко Стојановски носи водство за „гипсарите“

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 63′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Јашароски во соло акција, додава до Стојкоски, но топката повторно доаѓа до него и мајсторски од десеттина метри го лобува Тофилоски

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 – 64′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Јани Атанасов од пенал носи израмнување на резултатот во Турново

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-2)

2-1 – 53′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Зоран Балдовалиев ја намалува предноста на гостите

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (2-1)

2-1 – 52′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Нафрлање пред голот на гостите од левата страна од слободен удар, а Танушев ја зафаќа топката и со автогол сместува во сопствената мрежа

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ…

  • КРАЈ НА МЕЧОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“… РАБОТНИЧКИ ПОБЕДИ ПРОТИВ ВАРДАР СО 1-0, ПОДОБАР И ВТОРПАТ ПРОЛЕТВА ПРОТИВ „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“!
  • Крај на првото полувреме во Турново, Битола и во Тетово… Шкендија убедлива по само 45 минути против Академија Пандев

ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)

43′ – Тофилоски во два наврати го спасува голот на Победа. Стојкоски одлично шутираше откосо но Тофилоски одбрани, а гостинскиот голман одлично спасува и по обидот на Јашароски на одбиената топка

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-1)

30’ – ГООООООЛ за Силекс, 1-1. Антонио Бујчевски погоди против својот поранешен тим. По корнерот од левата страна, Бујчевски со левата нога ја погоди мрежата на Пелистер.  

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-0)

16’ – ГОООООЛ за Пелистер, 1-0. Борче Маневски со удар од 15 метри со левата нога успеа да ја затресе мрежата на Силекс. 

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-2)

19’ – ГОООООЛ за Шкендија, 0-2. Бесарт Ибраими со удар од 16 метри ја затресе мрежата, откако топката удри во дирекот и се врати на вистинското место.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-1)

16’ – ГООООООЛ за Шкендија, 0-1. Ибраими нафрли од десната страна, а Жуниор со глава ја закова топката во голот на домаќинот.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

61’ – Попзлатанов шутира откосо од десната страна, Божиновски одбрани и исфрли во поле.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 56’ ГОООООООЛ за Работнички, 0-1. Виктор Ангелов со фантастичен потег носи водство за „романтичарите“. Тој го надмудри Битанг, се реши за удар со левата нога откосо од десната страна и погоди во спротивниот агол од голот на Вардар.

ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)

3’ Наумоски се обиде од слободен удар, но го погоди живиот ѕид на Шкупи.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

50’ – Петковски нафрли од десната страна, Ангелов шутираше, но Алексовски одбрани и исфрли во корнер.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

47’ – Барсегјан шутира со глава, но Божиновски успеа да одбрани.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

45′ – Ангелов се најде во добра позиција, но не успеа да испрати заканувачки шут кон голот на Алексовски

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

31′ – Дејан Блажевски шутира од 15 метри, но брани Божиновски

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

22′ – 100% шанса за Работнички. Серџо јуниор одлично го проигра Кире Маркоски кој се најде осамен пред голот на Вардар, но Алексовски брани спречувајќи го на „романтичарите“

  • Повеќе од тажна атмосфера на трибините на „Филип Втори“… Фудбал без гледачи… Едвај 27 гледачи на трибините на нашиот најголем стадион, од кои околу 15 – „Комити“.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

13′ – Прва голема шанса на мечот. Дејан Блажевски во продор по левата страна, сам пред голот на Работнички но Божиновски го брани неговиот удар

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

8′ – Мирен почеток на натпреварот, без ниту една посериозна шанса и на двете страни

  • Познати составите за мечот Вардар – Работнички кој единствен стартува од 15 часот. Во првиот тим на Вардар и Горан Попов, кој иако оваа зима го продолжи договорот со „црвено-црните“ пролетва досега имаше само еден настап за „вардарци“. Претходно единствено настапи за Вардар на 24. февруари, и тоа на мечот против Работнички кој „црвено-црните“ го загубија со 2-1. Од тогаш два месеци ниту една минута во вардаровиот дрес…. Но, сега добива шанса од Бобан Бабунски…

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 30. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...