ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија конечно го освои „Младост“ – прва победа над „пандевци“ во Струмица… (ФОТО)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

Шаркоски 55′ – Денковски 51′

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ (1-0)

Стојановски 45′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-1)

Муслиу 30′

Охрид: ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Алексовски 66′(п) – Кировски 41′

======================================================================================

 * Во четвртиот меѓусебен натпревар одигран на гостински терен против Академија Пандев, Шкендија конечно стигна и до првата победа. По претходните две ремија и пораз, тетовци славеа во 26. коло од ПМФЛ со 0-1 со голот на Висар Муслиу.

  • Крај на сите натпревари од 26. коло!
  • Крај и на дуелите на „Филип Втори“ и во Тетово. Реми меѓу Работнички и Беласица, победа на Ренова над Шкупи!
  • Крај на натпреварот во Охрид. Победа и Вардар одиграа без голови!

РЕНОВА – ШКУПИ (1-0)

88′ – Одличен обид на Виктор Ангеловски од 16 метри кон голот на Ренова, но за малку покрај десниот дирек

РЕНОВА – ШКУПИ (1-0)

85′ – Одлична шанса за Ренова, Влатко Стојановски проигран пред голот на Шкупи но за малку прекраток во обидот за погодок

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

84′ – Одличен шут на Наумоски кон голот на Вардар од 20 метри, но брани Гачевски

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

79’ – Гофри шутира со удар со глава, Вујанац одбрани

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

77′ – 100% шанса за Вардар. Бразилецот Лира сам пред голот на Победа, од 7-8 шутира но во последен момент блокиран неговиот шут

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 66′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Дарко Алексовски од пенал го израмнува резултатот во Кратово

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

64’ – Одличен шут на Херера но Вујанац одбрани

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 55’ – ГОООООЛ за Работнички. Херера нафрли од левата страна, а Шаркоски постигна прекрасен гол со удар со глава

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-1)

0-1 – 51′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Брз противнапад на Беласица, Денковски излезе сам пред голманот Јанков, и рутински го совлада

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

48′ – Одлична шанса Хуан Фелипе, но фудбалерот од средниот ред на Вардар од околу 12 метри шутира високот над голот на Победа

Почеток на вториот дел од натпреварите во 26. коло од ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

РЕНОВА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 45′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Одличен контранапад и извонредно луциден гол на Влатко Стојановски со шут од 17 метри.

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 41′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Убав погодок на Кировски за водство на „лавовите“ во Кратово

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-1)

34′ – Одличен шут на Велинов од 25 метри, но дирекот го спасува голот на гостите

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

36′ – Нова убава можност за Гешоски, но неговиот шут откосо го брани Гачевски

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

34’ – Баже Илијоски од петерецот шутира над голот на Беласица

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 30′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Прв гол во колото. По нафрлањето од десната страна, Висар Муслиу со глава од 7-8 метри прецизно стрела во голот на домашните

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

!!! – 28′ – Две 100% шанси за Победа. Најпрво Гешоски со глава се обиде од 7-8 метри од идеална позиција осамен, но шутираше покрај голот. Веднаш потоа голем кикс на голманот Гачевски, Асани од само неколку метри имаше празен гол но шутираше млако, па Коста Манев успеа да расчисти од самата гол-линија!

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

23’ – Душан Савиќ шутираше откосо од десната страна, за малку крај голот на Работнички

  • Ниту еден гол, ниту посериозни шанси во првите 20 минути на петте дуели од 26. коло!

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

19’ – Петар Петковски се обиде со волеј-удар, но не беше прецизен

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

11’ – Баже Илијоски падна во шеснаесетникот, но Ецковски не досуди пенал

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

8′ – Убава шанса за Шкендија. Жуниор нафрли од левата страна, на вториот дирек Агим Ибраими со волеј од свртување но за малку над гредата од голот на домашните

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

1’ – Балдовалиев шутира од далечина, но директно во Ристо Јанков

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 26. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дербито на стадионот „Младост“ во Струмица. Академија Пандев со четворица младинци во првиот тим. Искусните Стојков и Шиков на клупата…

======================================================================================

Во 26. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, дербито се игра во Струмица каде Академија Пандев ќе биде домаќин на Шкендија. „Пандевци“ ќе бркаат нов триумф кој го чека и Вардар за евентуален приклучок во битката за шампионската титула. Вардар гостува против Победа на меч кој се игра во Охрид.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...