ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија слави, Победа преку Вардар кон опстанок (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 29. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (4-0)

Ангелов 54′, Маркоски 65′, 67′, Чарлс Гофри 70′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)

Радески 63′, Ибраими 82′

Струмица: ПОБЕДА – ВАРДАР (2-0)

Гешоски 20′, Даноски 55′

Кичево: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-2)

Дориев 57′, Балдовалиев 66′

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)

Пановски 42′


Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ И НА ОСТАНАТИТЕ ДУЕЛИ…. Победа го „нечака“ Вардар за да брка опстанок. Скопје загуби од Академија Пандев!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Шкендија е нов шампион на Македонија!

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Соло акција на Бесарт Ибраими кој буквално си се шеташе во гостинскиот шеснаесетник покрај гостинската одбрана и од десеттина метри прецизно погоди под гредата!

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)

78′ – По подолго отсуство поради повреда, на теренот се враќа и капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани кој влезе во игра на местото на Изаир Емини

СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-2)

0-2 – 66′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одличен шут на Балдовалиев од 20 метри, сместувајќи во левиот агол од голот на Скопје

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 63′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Во мешаницата пред голот на Шкупи најдобро се снаоѓа Радески кој со глава сместува во мрежата на гостите

СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 57′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупчо Дориев се најде во одлична позиција шутирајќи извонредно за водство од 0-1

ПОБЕДА – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Акција почната од голманот Тофилоски, па брза контра кон Даноски, кој одлично се ослободи од своите чувар и ниско по земја стрела за 2-0

СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

53′ – Одлична шанса за Скопје по корнерот од левата страна, но во мешаницата пред голот на гостите Алексовски шутира над голот

  • Почеток на второто полувреме

Крај на првото полувреме на останатите четири натпревари од 29. коло во ПМФЛ.

Крај на мечот на „Филип Втори“. Убедлива победа на Работнички.

СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Александар Пановски, кратовци доаѓаат до предност

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (4-0)

4-0 – 70’ – ГОООООЛ за Работнички, 4-0. Чарлс Гофри стрела во мрежата на Пелистер

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

3-0 – 67’ – ГОООООЛ за Работнички. Кире Маркоски. Одлична акција на Работнички, која на крајот во гол ја претвори Маркоски

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 65’- ГООООООЛ за Работнички. Кире Маркоски. Доби употреблива топка во шеснаесетникот и од непосредна близина од левата страна ја погоди мрежата

ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 20′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. По нафрлањето од десната страна, грешка во вардаровата одбрана и Гешоски од 7-8 метри носи водство за прилепчани

  • По 15 минути игра ниту еден погодок на натпреварите кои стартуваа од 16 часот!

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 54’ ГОООООЛ за Работнички. Виктор Ангелов се најде на пеналтикот и го искористи проигрувањето од левата страна за водство
ПОЧЕТОК И НА ОСТАНАТИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД 29. КОЛО ВО ПМФЛ…

Крај на првото полувреме на „Филип Втори“…

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

45’ – Асани нафрли, Маркоски шутираше, но за малку крај голот

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

42’ – Серџо јуниор шутира од десетина метри откосо од левата страна, но Драгарски во последен момент блокираше во корнер

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

31’ – Петар Петковски шутира од 25 метри, за малку крај голот на Пелистер

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

15′ – Натпревар без возбудувања. Досега, единствена шанса од 8. минута на Серџо јуниор

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

8’ – Прва одлична шанса за Работнички. Серџо јуниор со одличен пробив од левата страна, шутираше откосо, а Петровски со крајни напори и топката заврши во гредата од голот на Пелистер

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

5′ – Крајно мирен почеток на мечот, без шанса и на двете страни.

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“…

  • Натпреварот меѓу Работнички и Пелистер од 29. коло во ПМФЛ стартува од 15 часот. Останатите четири дуели се играат од 16 часот.

Меч важен и за двете екипи. „Романтичарите“ бркаат Европа, а Пелистер сега со Неџат Хусен на клупата брка опстанок…

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 29. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...