ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар испушти победа против Академија Пандев, триумф на Шкендија и Работнички… (ФОТО)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-2)

Устабаши 28′ – Пеев 63′, Илијоски 65′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-1)

Бејтулаи 34′, Радески 54′ – Садики 38′

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-1)

Додев 50′

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-1)

Аврамовски 28′ – Дориев 84′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (3-0)

Кировски 44′, Да Силва 54′, Карваљо 85′

======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 27. КОЛО ВО ПМФЛ
  • Крај и во Тетово. Шкендија победи во градската пресметка против Ренова!
  • Крај на дуелот во Маџари. Вардар и Академија Пандев ремизираа (1-1)!
  • Крај на натпреварот во Ѓорче Петров. Убедлива победа на Македонија ЃП!

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 85′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Пауло Карваљо стрела за веќе убедлива предност на „лавовите“

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 84′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Голема грешка на вардаровата одбрана, а Дориев луцидно го матира Гачевски

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-1)

84′ – Феноменална акција на Ибраими мајсторски шут од 20 метри, но гостинскиот голман брани

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

75′ – Убав контранапад на Вардар, Попзлатанов во шанса на десната страна но Чубраковиќ повторно на време интервенира

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-2)

1-2 – 65′ – ГОООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Гофри од левата страна во обид за шут, но топката доаѓа до Баже Илијоски кој од 5-6 метри стрела за водство од 1-2

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 63’ – ГОООООЛ за Работнички. Гофри го проигра Пеев кој ја затресе мрежата од десетина метри

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 62′ – Голема шанса за Вардар. Хуан Фелипе сам во контранапад по левата страна, но Чубраковиќ со одлична интервенција спречува гол за домашните

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 54′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлањето од левата страна на Мици, Радески со глава пред голот на Ренова прецизно стрела за водство од 2-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Еврогол на Робсон Да Силва кој од 20 метри шутира во аголот од голот на гостите

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 50′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Одличен напад на кратовци, Дарко Додев во убава позиција на 15 метри пред голот на Беласица шутира прецизно за водство од 0-1

  • Почеток на второто полувреме на дуелите од 27. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 44′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Божиновски шутира од непосредна близина, кикс на младиот голман на Победа, Котевски, а на одбиената топка натрчува Кировски кој од само две метри сместува во празната мрежа

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

43′ – Илиоски и Ацковски во шанса, но Азизи спаси израмнување на Чаир

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 38′ – ГОООЛ ЗА РЕНОВА. Корнер од левата страна сега за Ренова, а пред голот на Шкендија највисок во скокот со глава Нехар Садики кој ефектно погодува за израмнување

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 34′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Агим Ибраими нафрли од десната страна од корнер, а Бејтулаи во мешаницата од непосредна близина носи водство за црвено-црните

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 28′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одличен погодок на Даниел Аврамовски со шут од 20 метри. Ниско по земја погодува за првенец во дресот на Вардар

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 28’ – ГОООООЛ за Шкупи. Исени шутираше од слободен удар, Јанков одбрани, на одбиената топка натрча Устабаши и постигна гол

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-0)

26′ – Нова феноменална шанса за Благој Стојанов. Одлично проигран, изби сам пред голот на Силекс но од 12 метри шутира високо над голот на кратовци

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

21’ – Илијоски упати силен шут од десетина метри, но над голот на Шкупи

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (0-0)

22′ – Убава акција на Академија Пандев. Давид Атанасковски проби по левата страна, шутираше откосо од 12 метри но Гачевски брани

  • Како и во претходното коло, без ниту еден гол по првите 20 минути на сите пет натпревари од 27. коло…

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-0)

16′ – Одличен шут на Гледи Мици откосо од околу 15 метри, но Ѓуриќ брани исфрлајќи во корнер

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-0)

10′ – Стојанов во одлична шанса за Беласица, но од 15 метри шутира над гредата од голот на Силекс

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (0-0)

6′ – Прв конкретен обид на Вардар, Лира со глава но брани противничкиот чувар на мрежата

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

4’ – Јанков го напушти својот гол за да спречи противнапад на Шкупи

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

2′ – Одличен брз контранапад на Работнички, Баже Илијоски осамен по десната страна шутира откосо но брани домашниот голман

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 27. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Шкендија на дуелот против Ренова ќе биде без голманот Захов, но и без капитенот Арменд Алими и офанзивецот Валмир Нафиу кои се на клупата поради повреди…

  • ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДЕРБИ ДУЕЛОТ МЕЃУ ВАРДАР И АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ…

======================================================================================

Во 27. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, дербито е во Маџари каде Вардар ќе биде домаќин на Академија Пандев. Шкендија во тетовска пресметка се соочува со Ренова, а во дуелот на „ранетите лавови“ во Чаир ќе играат Шкупи и Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...